Традиционално положивме цвеќе на гробот и спомен – бистата на Прличев

Традиционално положивме цвеќе на гробот и спомен – бистата на Прличев

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 07 Feb 2024

6 февруари, 2024 г.

Во рамки на празнувањата по повод одбележување на годишнината од смртта на Григор Прличев се одржа панихида на вечното почивалиште на великанот а делегации од општината, институциите што го носат името на Прличев и од политичките партии положија свежо цвеќе на гробот на поетот и преродбеник Прличев, но и пред неговата спомен – биста пред нашата НУ Библиотека „Григор Прличев.

Во делегацииите беа нашите колеги: Коста Трифуноски, Весна Симоноска, Елизабета Бојчевска, Бети Лазеска – Симоноска, Христина Трпеска и Мариче Боздоганова.

Инспиративна беседа во чест на Прличев овенчан во Атина за  поемата Сердарот и наречен Втор Хомер во името на Друштвото на писателите на Македонија одржа роднокрајниот автор Смиле Наумоски – Брсјак, поранешен директор на нашата Библиотека.

НУ Библиотека