Изложба на книги во чест на роденденот на Гоце Делчев

Изложба на книги во чест на роденденот на Гоце Делчев

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 02 Feb 2024

2 февруари, 2024 г.

Во пресрет на 4 февруари 1872 денот кога во Кукуш е роден големиот Гоце Делчев, колегите од одделот за зајмување во изложбените витрини на библиотеката поставија книги сврзани со неговиот живот и дело на Изложбата сите заинтересирани ќе можат да ја видат до крајот на февруари. 

Македонски револуционер, визионер, организатор и предводник на македонското национално-ослободително движење, Гоце Делчев е еден од плејадата никогаш незаборавени и вечни патоводители на македонскиот народ. Неговата револуционерна дејност започнува од најрани години.

Тој се родил во патриотско семејство од татко Никола и мајка .  Никола и Султана имале девет деца: Руша, Тина, Велика, Елена, Цоца, Димитар, Христо, Милан и славниот Гоце.

Револуционерната дејност на Гоце Делчев започнува уште во текот на школувањето од 1893 година и трае се’ до неговата легендарна и херојска смрт, на 4 мај 1903 година.

Еве некои од неговите познати цитати:

“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”

“Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”

“…Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија…”

“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот”.

НУ Библиотека