На денешен ден роден е нашиот патрон, поет и преродбеник Григор Прличев

На денешен ден роден е нашиот патрон, поет и преродбеник Григор Прличев

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 18 Jan 2024

18 јануари, 2024 г. 

Григор Прличев е роден на 18  јануари 1830 или 1831 г. во Охрид, во сиромашно, но трудољубиво големо семејство на Ставре Прличев и Марија Ѓокова. Годинава се навршуваат 130 години од објавувањето на неговата Автобиографија во која подробно го опишува својот макотрпен живот. 

Уште нa 6 месеци, останал сираче – починал неговиот татко. Останале само неговиот дедо, висок, белобрад  земјоделец и неговата мајка која почнала да работи по куќите како слугинка за да може да го прехрани своето многучлено семејство.

 

Се додека Димитрија Миладинов не го посетил Охрид (1848 г.), Прличев учел кај месни учители грчки јазик, кои не ни биле вистински педагози и предавачи. Тие биле шијачи кои Прличев не можел да ги поднесува затоа често изостанувал од училиште. Му помага на „таткото“ на македонската преродба, Димитрија, за подоцна и тој самиот извесен период да предава во Тирана (Албанија).

Во 1849 г. се запишува како студент по медицина на Атинскиот универзитет, иако никогаш не пројавувал поголема заинтересираност кон медицинската наука. Затоа продолжува да учителствува во село Белица, Струшко (две години), па потоа во Битола, Прилеп за на крај да остане 6 години учител во родниот Охрид. Во 1859 г. се враќа на студии во Атина каде го започнува делото „Сердарот“, со намера да учествува на големиот атински поетски конкурс. Следната година (1860) токму тој е победникот на конкурсот и освојува Лавров венец и 1000 драхми со можност за студирање во Оксфорд или Берлин. Но ненадејната вест за смртта на браќата Миладиновци ќе го вознемири Прличев и силно ќе го ориентира да се насочи кон грчките фанариоти за да ја одмазди неправедната смрт на своите патрони.

                                                                       

Се враќа во Охрид каде со сите сили се обидува да го вметне словенскиот разбирлив јазик во училиштата и црквите. Затоа стекнува голем број на непријатели на свој грб, а меѓу нив и погрчениот владика Мелетиј, одговорен за смртта на Миладиновци. Ќе биде затворен (1868 г.) во дебарскиот затвор, поради клевети од истиот владика. Но по една година Мелетиј е тргнат од власта, а Прличев е пуштен на слобода.

                                                                       

Во 1871 г. го објавува препевот на Хомеровата „Илијада“ на општословенски јазик – есперанто со кој Прличев се занесувал дека може да ги обедини сите словенски народи во една средина. Но, секако таа замисла била тешко остварлива во тогашни општествено-културни положби. Затоа е исмејуван од многу бугарски дејци меѓу кои и Христо Ботев, што ќе го разгневи Прличев и тој ќе се врати на учителската дејност во Битола најпрво, па потоа во Солун. Во периодот на вршење на оваа дејност (1883-1890) започува да ја пишува својата „Автобиографија“, која ќе биде објавена по неговата смрт во Софија. Умира на 6 февруари 1893 во Охрид. Погрбан е во дворот на црквата „Св.Климент“.

НУ Библиотека