Забаено ама не заборавено – средба со Гордана Каракашевска

Забаено ама не заборавено – средба со Гордана Каракашевска

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 31 Dec 2023

31 декември, 2023 

Во годината која е веќе на заминување нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ја посетија многу писатели и поети од земјава и надвор од неа. Сите ни подарија примероци од своите дела со што го збогатија фондот на  Библиотеката.

Меѓу средбите кои ги забележавме а остана досега не објавена е и оваа со колешката и воедно автор Гордана Каракашевска од Скопје.

Таа ни ги подари двете последни објавени стихозбирки: „Куќа од хартија“ ( 2022) и „Патот на водата“ ( 2023 ) промовирана неодамна во Скопје.

Поетската книга „Патот на водата“ е длабоко исконско емотивно патување, таа е автобиографска мапа каде земајќи ја водата како појдовна точка, поетесата навлегува во нејзината симболика и преку неа ја пресликува својата духовна состојба.

Книгата е инспирирана од Охрид, Охридското Езеро, Струга и реката Црн Дрим, сите песни се настанати токму овде и токму затоа е и посветена на нив.

Среќна Нова 2024 на сите македонски автори а ние како Библиотека ги очекуваме на дружба со нас и нивните потенцијални читатели.

НУ Библиотека