Роднокрајни автори родени во декември

Роднокрајни автори родени во декември

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 11 Dec 2023

11 декември, 2023 г. 

Традиционално во влезот на нашата Библиотека пред пултот за зајмување поставена е изложбата на дела од роднокрајни автори во декември.

Овој месец преку нивните дела ги одбележуваме родендените на  Никола Јанев, Ѓорѓи Тодороски, Дејан Пановски и Милчо Јованоски.

Во отворениот дел од Библиотеката до крајот овој месец во чест на Св. Климент – Патронот на Охрид можете да ја погледате и изложбата на книги посветни на словенската писменост, Светите Кирил и Методиј и Светите Климент и Наум Охридски.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од понеделник до петок работи со читатели во терминот од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

НУ Библиотека