Ден пред Св. Климент доделени наградите од литературниот конкурс „Среќа“

Ден пред Св. Климент доделени наградите од литературниот конкурс „Среќа“

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 11 Dec 2023

11 декември 2023 г.

По повод месецот на книгата НУ Библиотека „Григор Прличев“  распиша  конкурс под наслов „Среќа“, наменет за учениците од ОУ од Охрид и општина Дебарца. Наградите беа доделени на 7 декември ден пред големиот празник посветен на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид.

Комисијата првата награда од прозните состави и’ ја додели на Елена Чулческа, втората награда на Анастасија Чулческа и двете од ОУ „Ванчо Николески“, Лескоец  и третата награда  и’припадна на Александра Шуканова од ОУ Св. „Климент Охридски“, Охрид.

Првата награда од поетските творби му припадна на Климент Укоски од ОУ „Климент Охридски“, втората награда ја освои Евгенија Крцоска од ООУ „Дебрца“ – ПУ Мешеишта и третата награда отиде кај Марија Тасеска  од ООУ „Кочо Рацин“, Охрид.

Комисијата во состав: Христина Трпеска – библиотекар, Бети Лазеска – Симоноска – библиотекар и м-р Мариче Боздоганова – библиотекар советник соопшти дека на конкурсот пристигнале 30 творби и дека секоја творба имаше свој личен печат и за победниците одлучувале нијанси.

НУ Библиотека