Познати шифрите на најдобрите поетски и прозни творби од Конкурсот „Среќа“

Познати шифрите на најдобрите поетски и прозни творби од Конкурсот „Среќа“

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 03 Dec 2023

3 декември, 2023 

По повод традиционалната манифестација  „Месец на книгата“ неодамна НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша конкурс на тема:  „Среќа“  наменет за учениците од  основните училишта во општините Охрид и Дебрца.

Комисијата во состав: Христина Трпеска – библиотекар, Бети Лазеска Симоноска – библиотекар и м-р Мариче Боздоганова – библиотекар советник ги  разгледа околу триесетината пристигнати трудови на конкурсот и одлучи наградите да бидат доделени посебно за прозен состав и посебно за поетска творба. Според Комисијата секоја творба имаше свој личен печат што зборува за креативноста на младите творци и дава надеж дека еден ден од нив ќе имаме нови автори кои за почеток ќе ја збогатат нашата роднокрајна збирка.

Комисијата првата награда од прозните состави  ја додели на шифрата: 060610; втората  на трудот под шифра:  09062009 и третата награда за расказот под шифра:  Пчелка.

Првата награда од поетските творби и’ припадна на шифрата: Ученик 21; втората награда оди кај шифрата: Сонце и третата награда и’ припадна на шифрата: Семејство.

Наградите ќе бидат доделени во четврток на 7 декември во 12 часот на посебна свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

На настанот се поканети и учениците кои не добија награда а беа дел од конкурсот.

НУ Библиотека