
„Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“
15 ноември, 2023 г.
Оваа 2023 година е прогласена за Година на Ацо Шопов по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Во одбележувањето на овој голем и значаен јубилеј во петок 17 ноември од 12 часот со пригоден настан ќе се вклучи и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
Настанот во нашата Прличева одаја ќе се одржи под мотото: „Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“.
Шопов е првиот македонски автор објавен веднаш штом ќе замолкнат пукотниците на војната, во 1944 година, но и прв чијашто книга ќе излезе на словенечки, во 1957 година, прв објавен на јазик надвор од словенската група, унгарскиот, во 1964 година, и прв објавен на еден широко распростренат јазик, рускиот, истата година.
Во 1967 година, тој станува најмладиот член основач на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), а три години подоцна и најмладиот добитник на наградата АВНОЈ, највисокото признание во тогашната Југославија.
Гости ќе бидат ќерките на Шопов и Ѓурчинов, Јасмина Шопова и Анастасија Ѓурчинова.
Модертор на настанот ќе биде Милчо Јованоски.
НУ Библиотека