
49. Годишно Собрание на БЗМ – Како до подобри услови во библиотеките и до подобра норматива за вршење на библиотечната дејност“
7 ноември, 2023 г.
Денес, во Центарот за конференции и студии во НУ НУБ Св. Климент Охридски” – Скопје се одржа редовното 49. Годишно Собрание на Библиотекарско здружение на Македонија ( БЗМ).
Темата за дискусии на оваа средба на Собранието беше: „Како до подобри услови во библиотеките и до подобра норматива за вршење на библиотечната дејност“.
Покрај иницијалното обраќање на претседателката на Б3М, д-р Јана Михајловска, свое обраќање имаше г. Александар Марјановик од Фондацијата „Ѓорѓе Марјановиќ“, како и преставник на „Инфокод“.
Следуваа бројни прашања од членовите како и дискусии за нормативата на библиотечната дејност.
Според Агендата на Собранието следуваа: Извештајот за работата на БЗМ, како и избор на Комисијата за млади библиотекари и изборот за домаќин на „Млади библиотекари“.
На самиот крај на 49. Годишно Собрание, беа преставени и новите членови на Библиотекарското здружение на Македонија, кои беа топло поздравени од присутните – библиотеката на Народна банка на Република Северна Македонијаа и библиотеката на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Извор: Фејсбук на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје
НУ Библиотека