
Костадиновска-Стојчевска на работен состанок со директорите на националните установи од културата
7 ноември, 2023 г.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска одржа работен состанок со директорите на институциите кои се под надлежност на Министерството за култура. На состанокот беа отворени повеќе важни прашања поврзани со тековните активности на институциите, за проектите што планираат да ги реализираат до крајот на годината.
Министерката Костадиновска-Стојчевска кажа дека очекува повеќе проекти и посодржајни програми за идната година, за кои ќе продолжи поддршката од страна на Министерството за култура со цел подобрување на видливоста и динамиката на работата на институциите од областа на културата.
Директорите на институциите од областа на културата се осврнаа на досегашната реализација на проектите, но ги посочија и тековните предизвици со кои се соочуваат при работењето. Во таа насока, од страна на министерката за култура беше укажано дека заедно ќе работат за надминување на проблемите, за зајакнување на капацитетите и за подобрување на целокупниот делокруг на работа.
Извор: Минмистерство за култура
НУ Библиотека