
Изложба на книги од роднокрајни автори родени во ноември
Posted by Milco Jovanoski in Огледало
02
Nov
2023
2 ноември, 2023 г.
Ноември е богат со родендени на наши роднокрајни автори. Во текот на овој месец според евиденцијата на нашата Библиотека се родени: Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе.
Сите тие на еден или друг начин со своето плодно творештво оставиле и оставаат трајна трага во колективната меморија на Охрид и нивните современици.
Поезија, проза, публицистика, стручна литература… Но во секое нивно дело зрачи љубовта кон Охрид и битисувањето во него.
-Сите нивни изданија грижливо и љубоморно се чуваат во нашето Роднокрајно одделение и чекаат да бидат одново прочитани од младите генрации читатели – членови на НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид.
НУ Библиотека