Во чест на Месецот на книгата роднокрајни автори читаа свои творби во Библиотеката

Во чест на Месецот на книгата роднокрајни автори читаа свои творби во Библиотеката

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 18 Oct 2023

18 октомври 2023 г. 

Вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа поетско – прозно читање во рамките на активностите сврзани со октомври – Месец на книгата.

На нашата покана се одзваа  дел од роднокрајните автори од различни генерации кои беа во можност да дојдат и да прочитаат свои стихови и извадоци од раскази.

Роднокрајните автори ги истакнаа своите лични активности сврзани со пишаната рече, ја пофалија нашата агилност  за поканите на сите настани во установата, но и за нашата подадена рака кон нив и побараа почести средби.

Следната е веќе договорена во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ во февруари 2024 година.

Охридските творци преку прочитаните творби на присутните им го разведрија  тмурниот и дождлив октомвриски ден.

НУ Библиотека