Охрид беше домаќин и инспирација за поети од екс Југославија

Охрид беше домаќин и инспирација за поети од екс Југославија

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 15 Oct 2023

15 октомври, 2023 г. 

Во организација на поетско – уметничкото – книжевно здружение „Poezija u pjesmi Lv“ и Здружението „Deca I mi “Lv  од Врњачка Бања во ресторанот „Билјанини Извори“ во саботата во Охрид се одржа промоција на збирка на песни за деца и возрасни од автори ширум поранешна Југославија.

На покана на поетите Марија Младеноска и Трифун Георгиески на настанот присуствуваше и директорот на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ м-р Милчо Јованоски.

Тој на организаторите Адемир Адо Халиловиќ, Жељка Еркиќ и Мома Вукоевиќ им додели благодарници за ширење на културата меѓу народите, како и пропаганден материјал од нашата установа и Охрид. Јованоски  ги поздрави сите присутни меѓу кои беа поети од Босна и Херцеговина, Србија , С. Македонија и Охрид и ги покани на идна соработка со нашата Библиотека.

Во таа пригода, гостите во знак на благодарност на директорот Јованоски му врачија Благодарница  за нашата Библиотека за активно учество во афирмацијата и развојот на книжевната култура и уметност за деца и возрасни.

Дружбата беше зачинета со многу стихови, рецитации и босански севдах.

НУ Библиотека