Работилница за ширење на Благодарноста во детските срца

Работилница за ширење на Благодарноста во детските срца

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 05 Sep 2023

5 септември, 2023 г. 

Деновиве во чест на почетокот на новата учебна година менаџерот по човекови ресурси м-р Ана Салтирова – Давидовски NLP тренер и coach  од Скопје во соработка со Христина Трпеска – библиотекар во нашата Библиотека и дел од децата кои летово го посетуваа проектот : „Книгата е најдобар другар“  одржаа еднодневна работлиница посветена на вредноста на ставот #Благодарам во животот на децата и деетските срца.

Всушност тоа беше едно интересно и поучно дружење дружење вели Салтирова – Давидовски во својата благодарност до Библиотеката:

-Заедно со НУ Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид направивме работилница со една од активностите од е-книгата 50+ идеи за негување на ставот #Благодарам.

Во оваа книга има по една активност за секоја недела од годината со којашто може да се негува ставот #Благодарам, таа е продолжување на интерактивната книга #Благодарам којашто веќе 5 години е другар на децата и има за цел да ја внесе благодарноста во нивното секојдневие. Со овие две книги ГОЛЕМИТЕ (родители, баби/дедовци, тетки/чичковци, наставници, воспитувачи, едукатори…) може да го негуваат ставот #Благодарам како во срцата на децата така не помалку важно и во нивните срца.

На оваа работилница како што е редот во библиотека малку читавме од книгите, малку зборувавме за што се сѐ тие благодарни, како благодарноста може да им помогне, кога и како може да ја повикаат, од децата има навистина многу да учиме.

Во вториот дел од работилницата изработивме камче на благодарност коешто ќе си го постават некаде во домот и кое ќе ги потсетува секогаш кога ќе го видат да се присетат за што се сѐ благодарни.

Двете книги се донирани во НУ Библиотеката „Григор Прличев“ ве очекуваат да ги земете и да го облагородат вашиот дом со ставот #Благодарам, а дечињата на подарок ги добија играта, картите и картичките #Благодарам, сите тие се дел од Кампањата @ЛиченИЗБОР која што има јасна цел – враќање на доброто расположение повторно во мода, ни напиша Салтирова – Давидовски.

Instagram @ana.saltirova.davidovski

Facebook @licenizbor

Слободни материјали: https://linktr.ee/licenizbor

Публицитет.мк