Битолската библиотека доби „Дневна соба“ а се иницира и „Мрежа на хортикултурнио библиотеки во С.Македонија“

Битолската библиотека доби „Дневна соба“ а се иницира и „Мрежа на хортикултурнио библиотеки во С.Македонија“

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 05 Sep 2023

5 септември, 2023 г. 

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера во Битола заедно со директорот на НУУБ “Св. Климент Охридски“, Бојан Стефановски свечено го отворија новиот мултинаменски простор „Дневна соба“ каде што младите луѓе, но и сите генерации, ќе може да се среќаваат, да учат, да се унапредуваат, да стекнуваат нови пријатели.

Новиот библиотечен простор, во светот препознаен како „Community hub“ е отворен  во согласност со заложбите на Светската организација на библиотеки (ИФЛА), со поддршка од Министерството за култура.

Министерката за култура Бисер Костадиновска – Стојчевска се обрати и Регионалата средба на хортикултурни библиотеки и рече:

-Хортикултурните библиотеки се нов тренд во библиотечното работење, нов концепт поддржан од Светската федерација на библиотеки и составен дел од „Агенда 2030“ на Обединетите нации, која промовира програми за развој на т.н. „паметни градови“ посветени на еколошки содржини. Битола е град во непосредна близина на Националниот парк „Пелистер“, така што има голем потенцијал за развој на нови хортикултурни содржини во библиотечната дејност.

Токму поради тоа, од големо значење се заложбите на Битолската библиотека да го развива овој нов библиотечен концепт, институцијата да се стави во служба на граѓаните и  одржување поубава околина за живеење преку најразлични работилници и проекти поврзани со хортикултурата − рече министерката за култура.

На библиотекарите од цела држава кои учествуваат во реализација на проектот „Мрежа на хортикултурни библиотеки“ им се обрати и координатор на проектот м-р Јелена Петровска.

Основачот на „Хортикултурната мрежа на библиотеки“, Мирко С. Марковиќ, од Србија, од градот Чајетина на Златибор одржа и предавање за улогата на современите библиотеки во заедницата со примери од светската практика а на министерката и директорот им подари симболични подароци.

На средбата стана збор и за воспоставување „Мрежа на хортикултурни библиотеки во Северна Македонија“.

На настанот во Битола присуствуваше и делегација од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  во која покрај директорот м-р Милчо Јованоски беа и колегите: Бети Лазеска – Симоноска, Елизабета Бојчевска и Никола Ристовски.

НУ Библиотека