Од понеделник НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ќе работи од 8 :30 до 18 : 30 часот

Од понеделник НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ќе работи од 8 :30 до 18 : 30 часот

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 31 Aug 2023

Традиционално со почетокот на новата учебна година Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  од понеделник 4 септември го враќа старото – стандардно време за работа со читатели.

Пултот за зајмување книги од понеделник до петок ќе работи од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката.

Потсетување кое посебно важи за учениците дека годишната членарина чини 200 денари,а за возрасни 300 денари.

Прличевата одаја  во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.

НУ Библиотека