Директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје во посета на нашата библиотека

Директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје во посета на нашата библиотека

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 25 Aug 2023

25 август, 2023 г.

Неодамна Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје доби голема донација – книги од познатата писателска брачна двојка Весна Ацевска и Санде Стојчевски.

Дел од нивните најпознати поетски дела, избор од нив, вредни критичко-есеистички студии, како и книги за нивното творештво отсега, благодарение на колегите од „Браќа Миладиновци“ ќе бидат достапни и за нашите читатели во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Деновиве донацијата од книги  на директорот Милчо Јованоски му ја предаде  поетесата Снежана  Стојчевска директорката на библиотеката „Браќа Миладиновци“ .

Средбата беше искористена и за размена на миселња за состојбата во библиотекарството кај нас, за актуелните проекти кои двете библиотеки ги работат а беа разменети и идеи за заеднички настани.

НУ Библиотека