Се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“

Се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 14 Aug 2023

14 август, 2023 г. 

Синоќа во атарот на црквата „Св. Петка“ во село Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на еден од нашите најпознати литературни великани. Пред присутните свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.

Токму во таа насока е и организацијата на оваа традиционална манифестација, со која му оддаваме достојна почит на неговото име, кое остава неизбришлива трага на нашето национално битие.

Во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков, упатувам искрени честитки до Иван Антоновски кој е овогодинешен добитник на наградата „Живко Чинго“, а воедно упатувам и огромна благодарност до сите автори кои зедоа учество на литературниот конкурс на Општина Охрид.

Верувам дека оваа традиционална манифестација ќе продолжи да се одржува и во иднина и дека ќе продолжиме да го негуваме и почитуваме делото на Живко Чинго оставајќи го како аманет на идните поколенија. Нека му е вечна слава и нека се чествува уште многу години неговото големо име, истакна Божиновски во своето обраќање.

Мариче Боздоганова и Елизабета Бојчевска во име на Библиотеката положија цвеќе преед бистата на Чинго

Говор пред присутните имаше годинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ Иван Антоноски, а своја осврт за „Чинго во песните“ имаше Валентина Божиновска.

Во рамки на културно- уметничката програма, настапија Петар Паскали, Петар Кочовски, Филип Темелкоски, Христијан Чавкоски, Ангел Трајковски, Вања Танковски,Билјана Буџакоска и Танцов клуб „Соната“.

НУ Библиотека