
ИЦ ТРИ донира книги во нашата Библиотека
11 август, 2023 г.
По повод 1 000-то самостојно издание Издавачкиот центар ТРИ од Скопје деновиве донираше 1 000 книги од домашни и светски автори дел од нив ни беа подарени и нам од НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
При дистрибуцијата на книгите во Охрид, Бојан Саздов од ИЦ Три на средбата со Милчо Јованоски, директор на нашата Библиотека не ја криеше радоста што оваа донација од 50 наслови што заслужуваат да бидат читани ќе им овозможи на читателите поголема достапност до нивните изданија и што е уште поважно, дека ќе се прошири љубовта кон книгите што оставаат силна трага во книжевноста. Станува збор за наслови од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела, рече Саздов.
Нашата Библиотека во знак на почит за донацијата и досегашната успешна соработка и чувањето и ширењето на македонскиот јазик и култура на ИЦ Три и’ врачи посебна благодарница.
Таа мисија да го шири пишаниот збор ИЦ Три успешно ја остварува уште од 1999 година.
Книгите се единствената љубов што ја даваме, а ни се враќа во облик на енергија, разум или чувство. Ние сме книгите што ги читаме. Да продолжиме да читаме прекрасна литература!
НУ Библиотека