
„Авантурите на Космонаутко “ промовирана во Охрид
10 август, 2023
Се работи за првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко. Со авторот Јанкуловски за книгата во Охрид разговараше издавачот, Дејан Трајкоски. Јанкуловски ги објавува неговите приказни од Ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж.
За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и граѓански активист тој е добитник на наградата “Европеец на годината” за 2020 година, доделена од Делегацијата на Европска унија во Македонија. Добитник на наградата “Филантроп на годината” за 2021 година, доделена од Horus Macedonia.
Прогласен за Амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 г. Добитник е на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022 г.
Промоцијата во библиотеката „Григор Прличев“, беше пријатна и опуштена седенка со убава дискусија за книгата, како што се очекува за лик како Денис.
НУ Библиотека