Повторно „Отворена библиотека“ 24 часа

Повторно „Отворена библиотека“ 24 часа

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 12 Jul 2023

12 јули, 2023 г.

Од денеска до почетокот на октомври повторно пред влезот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е отворено бесплатно книжевно катче, кое ќе функционира 24 часа.

Лани го имавме првото  искуство од овој вид и охрабрени од позитивните реакции на домашните и странските туристи еве по втор пат се одлучивме да профункционира Отворената бесплатна библиотека.

Трезорот на библиотеката е богат со странска литература особено на англиски и германски јазик, но и на мноштво други  јазици.  Принципот е едноставен  гостите ќе можат да  позајмат, но и да разменат и остават свои книги  на ново изработените полици за оваа намена.

Контингентот книги кој секојдневно и по потреба ќе се надополнува е составен од донации на читатели.  На овој начин на туристите им овозможуваме одморот да го поминат во дружба со книгата.

НУ Библиотека.