
Роднокрајни автори родени во јули
Posted by Milco Jovanoski in Огледало
06
Jul
2023
6 јули, 2023 г.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ ја продолжува традицијата за одбележување на родендените на творците кои се дел роднокрајното одделение.
Во јули се родени авторите: Ацо Силјаноски, Јошко Србиноски, Розе Костеска, Љупчо Милковски, Ило Кафеџиски – Кафе, Томислав Тунтев, Ване Николоски и Џеладин Емини.
Нивното творештво е сочувано во трајната колекција на Одделението за роднокрајни автори а заинтересираните читатели можат и да ги позајмат нивните дела на пултот за зајмување.
Токму пред пултот е посатвена и изложба на дел од делата на творците чиј роденден со симболика го одбележуваме.
НУ Библиотека