
Утре – недела во нашата библиотека средба меѓу роднокрајните поети и учесниците на Регионална ПЕН-конференција,
17 јуни, 2023 г.
Од 16 – 19 јуни 2023 година во Отешево, Преспа се одржува редовната биенална 19-та по ред Регионална ПЕН-конференција, во организација на Македонскиот ПЕН-центар.
Програмата на конференцијата содржи тркалезна маса на тема „Природата на пишувањето – пишување за природата“ на која со свои излагања и дискусии ќе настапат претставници од повеќето ПЕН-центри од регионот. Покрај тоа ќе се одржи и состанок на Балканската ПЕН-мрежа на кој делегатите ќе поднесат извештаи за работењето на своите ПЕН центри и за состојбите од доменот на слободата на изразување и творење во своите земји.
Програмата на оваа конференција вклучува и две книжевни средби на учесниците. Првата ќе се одржи во сабота во Керамичката галерија во Ресен, а втората утре – недела во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, во 12 часот во рамките на посетата и средбата со авторите од нашиот град.
НУ Библиотека