Роднокрајни автори родени во јуни

Роднокрајни автори родени во јуни

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 10 Jun 2023

10 јуни 2023 г. 

Продолжуваме со одбележувањето на родендените на роднокрајните автори. 

Според евиденцијата на библиотеката во јуни се родени авторите: Иван Трпоски, Бранко Цветкоски, Љупчо Јакимоски, Ванчо Николески и Стефан Костоски.

Пред пултот за зајмување сите членови и посетители на Библиотеката можат да се запознаат со дел од нивното творештво.

Во преуреденото Роднокрајно одделение во библиотеката грижливо се чуваат нивните дела кои и денеска се актулени и сврзани со животот во Охрид и околината а во случајот со поетот и писател Иван Трпоски сврзани и со дијаспората. Тој долги години живее и твори во Сиднеј – Австралија а со мислата постојано е сврзан со неговото Волино и Охрид.

НУ Библиотека