Средношколци од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ создадоа мобилна апликација за мапирање диви депонии

Средношколци од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ создадоа мобилна апликација за мапирање диви депонии

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 14 May 2023

15 мај, 2023 г. 

Од 10-12 мај во хотел Дрим во Струга се одржа шестиот Државен натпревар за ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија. Од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид учествуваа два тима од кои едниот создаде мобилна апликација за мапирање и пријавување диви депонии со цел заштита на животната средина и помош на ЈП Комунално претпријатие од Охрид за побрзо справување со дивите депонии.

Компанијата „GreenForce“ составена од учениците: Ана Спироска, Ана Атанасовска, Дарко Крлески, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски под менторство на професорката Ирена Ралева-Најдевска ја претстави својата апликација TrashPinger која реално постои на нивната веб-страница и може да се презема и да се користи.

Исто така, апликацијата би била од огромна полза и за здруженијата за екологија кои секојдневно излегуваат на терен и се справуваат со отпадот.  Со добра мисла и за почист и поубав Охрид, велат учениците и менторката.

Оваа еко – мобилна апликација е поддржана од повеќе институции и фирми меѓу од самиот старт од идејата и до  реализацијата и од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Пријавувајте отпад и добивајте попусти кај деловните партнери.
Заедно за почист и поубав Охрид.
Ping, clean, repeat! ❤
Вие добивате:
Можност за ПЛАТИНУМ картичка – која ви нуди попуст кај нашите партнери во Охрид и тоа:
5 % попуст во кафетерија Aquarius;
10 % попуст во кафетерија Steve’s;
5 % попуст во фризерски салон Skill;
5 % попуст во салон за професионална масажа Beauty & Body;
Првите 10 пријавувачи на отпад добиваат 20 % попуст во Рибниот ресторан;
5 % попуст во ресторан „Острово“;

Погледнете ја – споделете ја со Вашите пријатели и секако употребувајте ја.

НУ Библиотека