Во Кочани се одржува републичкиот натпревар „Млади библиотекари“

Во Кочани се одржува републичкиот натпревар „Млади библиотекари“

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 12 May 2023

12 мај, 2023 г. 

Денеска во Кочани се одржува 22. Републички натпревар „Млади библиотекари“ . 

Домаќин е ЈОУ „Искра“ од Кочани а според информациите од нашите претставници Бети лазеска – Симоноска и Никола Ристоски се натпреваруваат 26 ученици.

Меѓу нив е и Ивона Куноска од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани која неодамна победи на Регионалниот натпревар организиран и одржан во нашата Библиотека.  Нејзин Ментор е наставничката по македонбски јазик Емилија Митреска.

Нашите колеги имаа средба и со директорката на Библиотеката во Кочани, Кристина Ѓорѓиевска – Атанасова.

НУ Библиотека