НУ Библиотека „Григор Прличев“ на Саемот на книгата во Скопје

НУ Библиотека „Григор Прличев“ на Саемот на книгата во Скопје

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 11 May 2023

11 мај, 2023 г.

Вчера во Скопје заврши јубилејното 35. издание на Саемот на книгата. Во аренaта „Борис Трајковски“ со сопствени штандовите се претставија над 60 издавачки куќи.

Организаторот посочува на позитивен раст на посетители од околу 30 проценти на Саем на книга, во однос на минатата година.

Посетителите покажаа голем интерес за македонски автори. Игор Џамбазов, Влада Урошевиќ, Ана Јовковска, Венко Андоновски, Васил Мукаетов, Наташа Сарџоска, Велко Неделковски, Станислав Петковски-Сашо, Виолета Танчева-Златева, Вања Изова, Лилјана Пандева, Mарина Шикова – Димовска, Петар Андоновски, Блаже Петревски, Анде Јанков, Ана Аврамовска, Дарко Симуновски, Александар Прокопиев, Бистра Георгиева, Игор Станојоски, Жарко Кујунџиски и Матеа Стоев  се само дел од многуте имиња кои беа дел од годинешната програма на средби и читања со автори на Саем на книга.

НУ Библиотека „Григор Прлилчев“ од Охрид деновиве ја заврши првата набавка на нови книги со средства од Министерството за култура а до почетокот на јуни ќе заврши и вториот дел од набавкта на литература за деца и возрасни.

На саемот е договорена соработка со повеќе издавачи и промоции на нивни дела во нашата Библиотека а првиот саем и тоа на отворено ќе го одржиме во соработка со издавачот САКАМ КНИГИ на 29 мај.

НУ Библиотека