Заменик директорката на Унгарската национална библиотека беше во посета на нашата библиотека

Заменик директорката на Унгарската национална библиотека беше во посета на нашата библиотека

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 03 May 2023

3 мај, 2023 г. 

Минатата недела меѓу гостите – учесници на Третата Меѓународна конференција на библиотекарите во организација на Библиотекарското здружение на Македонија во Охрид беше и Џудит Геренсер, заменик директор на националната библиотека од Будимпешта – Унгарија.

Таа имаше свое обраќање на Конференцијата а на нејзино барање ја посети и НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Од директорот на Библиотеката Милчо Јованоски  беше накусо информирана за поставеноста на нашата установа, нејзината историја , сегашност и со плановите за нејзин иден развој.

Заменик директорката Геренсер рече дека е веќе  воспоставена соработката меѓу двете национални библиотеки од Унгарија и Северна Македонија и дека наскоро ќе започне реализацијата на проекти кои се од заеднички интерес.

Во таа насока таа изрази желба и Библиотеката од Охрид да биде вклучена во нив, особено во дигитализацијата и заштитата на книгите кој не е лесен и едноставен, туку долг и континуиран процес.

НУ Библиотека