Ивона Куноска од Пештани – најдобар „Млад библиотекар“ за 2023

Ивона Куноска од Пештани – најдобар „Млад библиотекар“ за 2023

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 17 Apr 2023

18 април, 2023 г. 

 На  7 април  во организација на  НУ Библиотека ,,Григор Прличев” во  Охрид  се одржа Регионалниот натпревар ,,Млади библиотекари.

На натпреварот беа поканети сите Основни општински училишта од Охрид и Дебрца а се натпреваруваа ученици и ментори од  6 училишта, со вкупно 13 ученици.

На 13 април  беа објавени резултатите од натпреварот на кој Комисијата во состав: Никола Ристовски – претседател,  Бети Лазеска – Симоноска и Христина Трпеска – членови соопшти дека  најсолидни одговори  на тестирањето покажала ученичката Ивона Куноска од ООУ,,Св.Наум Охридски”-Пештани. Таа освоила 84 од вкупно 100 поени. Нејзин ментор е Емилија Митреска.

На сите натпреварувачи и ментори во знак на благодарност НУ Библиотека „Григор Прличев“  им додели благодарници и книги, а првонаградената Куноска на 12 мај  ќе учествува на Државниот натпревар ,,Млади библиотекари”, кој ќе се оджи во Кочани.

Повеќе фотографии побарајте на Фејсбук страницата на нашата библиотека

НУ Библиотека