
Го преуредивме Роднокрајното одделение и одбележуваме родендени на роднокрајните автори родени во април
6 април, 2023 г.
За неполни две недели група вработени од Одделот за обработка на книжниот фонд од нашата Библиотека го преуреди и со тоа го заврши првиот дел од Проектот на посебна дигитализација на Роднокрајното одделение.
Следува втората фаза која поради обемот на дела и автори ќе трае подолго, но ќе значи еден вид истражување и собирање податоци за роднокрајните автори и нивното творештво. На тој начин ќе се создадат услови за изработка на ново издание на Литературно – научен Лексикон во печатена и дигитална форма која ќе биде достапна преку веб страницата на Библиотеката за сите читатели.
Библиотека и овој месец продолжува со одбележување и на родендените на роднокрајните автори.
Во април родени се писателите и публицисти: Томе Момировски, Миле Волканоски, Куртиш Демироски- Незир, Боро Ситникоски, Веле Митаноски, Дамјана Видическа , Мишо Јузмески и Ѓоко Чингоски.
Изложбата со книги од нивното творештво е поставена на влезот во одделот за зајмување во библиотеката и може да ја погледне секој корисник на услугите на библиотеката.
Потсетуваме дека библиотеката за читатели е отворена од понеделник до петок од 8.30 до 18.30.
Годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
НУ Библиотека