Во чест на Прличев и годишнината од неговото прогласување за Втор Хомер настан во куќата на академик Ѓурчинов во Охрид

Во чест на Прличев и годишнината од неговото прогласување за Втор Хомер настан во куќата на академик Ѓурчинов во Охрид

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 23 Mar 2023

23 март, 2023 г.

Во пресрет на 25 март, денот на кој големиот поет и преродбеник Григор Прличев во 1860 година во  Атина за поемата „Сердарот“ бил награден и овенчан со ловоров венец НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ќерката на академик Милан Ѓурчинов, проф. д-р Анастасија Ѓурчинова во петок на 24 март во 13 часот во куќата на Ѓурчинови органзираат книжевен настан под наслов: „Григор Прличев во компаративен клуч“.

Работната соба на Ѓурчинов во Охрид 

Со ова случување продолжува чествувањето по повод 130 години од  смртта на Прличев, но и одбележувањето на 95 годишнината од раѓањето на Милан Ѓурчинов. Не случајно за првпат за јавноста се отвора дел од куќата на проф. д-р Ѓурчинов во Охрид која крие уште една симболика во себе. Во 1965 година градската библиотека функционирала на првиот кат од куќата.

Професор Татјана Дурнева ќе го чита есејот од  д-р Милан Ѓурчинов „ Делото на Григор Прличев на фонот од Балканскиот културен плурализам“.

НУ Библиотека