Тоде Илиевски постхумно прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид

Тоде Илиевски постхумно прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 08 Mar 2023

8 март, 2023 г. 

Вчера во Прличевата одаја на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ во организација на Здружението „Креативна верига“ поддржано од Општина  Охрид беа доделени наградите од нововостановенииот конкурс за најдобра детска песна „Тоде“. 

На настанот сврзан со роденденот на лани починатиот Тоде Илиевски присуствуваше и неговата ќерка Ана Илијовска – Богиќ.

Во име на Библиотеката директорот Милчо Јованоски  на Илијовска – Богиќ и’ врачи Благодарница со која нејзиниот татко – постхумно е прогласен за Почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Ана Илијовска – Богиќ најави дека сака богатата семејна библиотека да ја подари на нашата установа во која Тоде беше директор и ја помина последната деценија од  работниот век.

НУ Библиотека