
Ќе започне преуредувањето на Роднокрајното одделение а со изложба ги одбележуваме и родендените на авторите родени во март
6 март,2023 г.
И овој март ги одбележување родендените на роднокрајните автори родени во овој месец.
Во архивата на Библиотеката „Григор Прличев“ стои забележано дека во овој месец се родени авторите: Славе Ѓорѓо Димоски,Маринела Јовановиќ, Тоде Илиевски, Мито Спасески, Благородна Буџак, Ана Цветаноска, Јане Велјаноски и Левко Андоновски.
На влезот во Библиотеката пред пултот за зајмување книги веќе е поставена изложбата на дел од нивните дела кои љубоморно ги чуваме во Библиотеката.
Сите зачленети читатели во секој миг кај нас можат да ги побараат речиси сите нивни дела кои на еден или друг начин оставиле посебна трага во културната меморија на Охрид и имаат посебна вредност.
Кога сме кај роднокрајните автори и најавата дека деновиве дел од библиотекарите во нашата установа ќе започнат со преуредување на Роднокрајното одделение и дигитално ажурирање на основните податоци и творештвото на творците.
НУ Библиотека