Охрид ќе биде домаќин на Меѓународна конференција од областа на библиотекарството

Охрид ќе биде домаќин на Меѓународна конференција од областа на библиотекарството

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 24 Feb 2023

24 февруари, 2023 г. 

На 27 и 28 април годинава, Охрид ќе биде домаќин на Третата Меѓународна конференција „Библиотеките како ризница на движното културно наследство“. Организатор е Библиотекарското здружение на Македонија ( БЗМ ) а финансиски помогнато од Министерството за култура на Република Северна Македонија. 

Во рамките на подготовките на Конференцијата во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид беа членови на Организациониот одбор  Во колегијален амбиент со домаќинот – директорот Милчо Јованоски гостите и дел од нашите колеги  беа разменети мислења од тековното работење на библиотеките кај нас а стана збор за престојниот голем собир на кој се очекуваат близу 200 библиотекари од земјава и странство.

Нашата Библиотека со самиот факт што конференцијата ќе се одржи во Охрид преку присуството и учеството со трудови на наши библиотекари ќе биде активен учесник во овој голем настан.

НУ Библиотека