
Д-р Вељаноска -декан на Правниот факултет во Кичево подари свои трудови за Библиотеката
20 февруари, 2023 г.
Деновиове во посета на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше деканот на Правниот факултет од Кичево, проф. д-р Светлана Вељаноска.
Таа на директорот на нашата Библиотека м-р Милчо Јованоски му подари дел од своите стручни книги од областа на правото. Книгите се обработени и поставени во одделот за стручна литература, достапни се за читателите и за зајмување.
Се работи за следните дела: Судски систем, Меѓународно судство и Културната политика на Република Македонија во рамките на процесот на евроинтеграцијата.
– Ова е почеток на нашата заедничка соработка се сложија деканката Вељаноска и директорот Јованоски.
Пред престојните уписи на факултетот договорено е претставници од Правниот факултет да дојдат во Библиотеката и пред посебна фокус група – матуранти од Охрид да ја претстават нивната образовна институција.
Истовремено, според зборовите на деканата Вељаноска таа ќе ги поттикне и останатите нејзини колеги да подарат книги на библиотеката со што би се збогатил нашиот книжен фонд од областа на правото.
НУ Библиотека