Изложба на книги од роднокрајни автори родени во февруари

Изложба на книги од роднокрајни автори родени во февруари

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 10 Feb 2023

10 февруари, 2023 г. 

Од денеска до крајот на февруари во НУ Библиотека „Григор Прличев“ е поставена традиционалната изложба на книги под наслов: „Роднокрајни автори родени во февруари“.

Пред пултот за зајмување на читателите им е на дофат целокупното творешетво од авторите: Борис Бојаџиски, Владимир Попоски, Панде Шикаловски – Чкалов, Трајан Мартиноски и Ристо Јованоски.
Изложбата на книги може да се види секој работен ден од 8: 30 до 18: 30 часот.

НУ Библиотека