Нови наслови ве чекаат на полиците од Библиотеката

Нови наслови ве чекаат на полиците од Библиотеката

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 02 Feb 2023

2.2.2023 г.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ оваа недела пласира нови пет наслови од белетристиката кои се надеваме ќе бидат барани од читателите.

Се работи за следните книги, автори и издавачи: Пророштвото на Настрадамус од Марио Ридинг – Просветно дело,

   

Можеби сега од Колин Хувер и Ловецот од Крис Картер двете во издание на  Сакам книги.

Соврешена жртва – Хелен Филдс  и Детето што молчеше од Сара Дензил – Книгохоличари.

Потсетуваме дека работното време на Библиотеката со читатели од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

Годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

НУ Библиотека