
Проф. д-р Кристина Николовска беше во посета на нашата Библиотека
18 јануари, 2023 г.
Денес се навршија 193 години од раѓањето на големиот македонски поет и преродбеник Григор Прличев.
На Прличевиот роденден во работна посета на нашата Библиотека беше проф. д-р Кристина Николовска , раководител на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија.
На средбата, директорот на нашата Установа, м-р Милчо Јованоски и проф. д-р Николовска разговараа за продлабочување на соработката со Филолошкиот факултет но и со Друштвото на писатели на Македонија. Беа посочени конкретни активности кои се од заеднички интерес кои во најскоро време ќе бидат прецизирани.
Во тој контекст директорот Јованоски на д-р Николовска и’ подари примерок од најновата монографија „70 Години Библиотека ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ чија автор е токму тој.
Монографијата во почетокот на февруари ќе биде промовирана во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ кога ќе биде одбележана и 130 годишнината од смртта на Вториот Хомер – Прличев.
НУ Библиотека