Со изложба на одбрани дела ги одбележуваме родендените на роднокрајните автори родени во јануари

Со изложба на одбрани дела ги одбележуваме родендените на роднокрајните автори родени во јануари

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 09 Jan 2023

9 јануари, 2023 г. 

Нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ и годинава ја продолжува традицијата со пригодна изложба од одбрани дела  поставена пред пултот за зајмување книги да ги одбележува родендените на роднокрајните автори.

Во јануари родени се следните роднокрајни творци:  Григор Прличев, Иван Точко, Видое Видически, Јован Котевски, Трајан Петровски, Славе Банар, Марија Младеновска и Димитар Димоски.

Нивните дела имаат посебно место во нашето Роднокрајно одделение и во секој миг можат да се препрочитаат и да се побараат за да се потсетите или некои од вас за прв пат да се сретнат со нивниот стил на пишување и откривање на нивното творештво во кое централно место има нашиот Охрид.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ е отворена секој работен ден од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

НУ Библиотека