
Се одржа „Попладневно поетско матине“ организатор беше ЖЦ „Бисера“ од Охрид
29 декември, 2022 г.
Вчера на ,,Попладневно поетско матине” што се одржа во просториите на Национална установа – Библиотека „Григор Прличев“ во Прличевата одаја, претежно се читаше поезија од пензионери – автори од општина Охрид.
На настанот со свои творби се претстави и Оливера Ширговска, писателка од Кичево а колешката Христина Трпеска прочита поезија од охридски македонски поетеси.
-Матинето беше организирано од Женски Центар ,, Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“,координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија,како и Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.
Потпретседателката на Здружението Наде Ристоска кажа дека во рамките на Проектот ќе има и други активности во текот на следната година и дека проектот покрај неа го работат и Ирина Голабоска и Вера Караџоска.
НУ Библиотека