Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид со поддршка на Библиотеката и македонската книжевност

Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид со поддршка на Библиотеката и македонската книжевност

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 26 Dec 2022

26 декември, 2022 г. 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја негува соработката со Лајонс клубовите од Охрид.

Во петокот во посета на Библиотеката беше претседателката на Лајонс клубот „Десарети“ проф. д-р Устијана Речкоска -Шикоска заедно со Сузана Наумоска, член на клубот.

Честитајќи ни ја наградата „Библиотека на годината“ обете рекоа дека Библиотеката во Охрид има големо влијание во зачувувањето на македонскиот јазик, литература и култура. И дека дружбата со книгата не е никогаш залудно потрошено време.

Оттука тие се решија да купат поголем број примероци од едицијата 130 тома Македонска книжевност со цел деновиве во пресрет на Нова година да ги даруваат низ училиштата и други институции каде книгите ќе го продолжат својот живот.

НУ Библиотека