Промоција на книгата раскази „Мисловно патешествие“ од Наде Ќосеска

Промоција на книгата раскази „Мисловно патешествие“ од Наде Ќосеска

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 21 Dec 2022

22 декември, 2022 г. 

Утре (четврток) со почеток во 11.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоцијата на книгата збирка раскази од охридската писателка Наде Ќосеска  насловена како „Мисловно патешествие“. 

-Книгата содржи петнаесет бисерни умствени прикази кои опфаќаат еден концепт на донесување ликови и настани , сознанија кои се доживуваат во моментот на интегрирањето со реалното и  уметничкото, ќе запише во книгата Илија Мерковски во улога на Главен и одговорен уредник на изданието.

Ќосеска за својата прва збирка раскази ја доби наградата „ Пелистерски ракувања“ од издавачот Дата ПЕСНОПОЈ од Битола

Воведничар на промоцијата ќе биде директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски а промотор Томе Скендероски.

НУ Библиотека