
На денешен ден пред 29 години почина Блаже Конески
7 декември 2022 г.
Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) е најзначајната фигура на македонскиот 20 век. Филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ).
Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.
За животот на Блаже Конески
.
Блаже Конески е роден во село Небрегово, Прилепско, каде живеел до својата осма година. Потоа, целото семејство се преселило во Прилеп и таму Конески учел основно училиште и нижа гимназија. Виши класови гимназија завршил во Крагуевац, а студиите по славистика ги започнал во Белград, а ги завршил во Софија 1944 година.
По ослободувањето дошол во Скопје и развил богата културна и научна дејност.

Поетското творештво на Блаже Конески
Тешкото
(„Земјата и љубовта“)
Спојот на минатото и сегашноста најубаво го изразил во песните: „Стерна“, „Одземање на силата“, „Болен Дојчин“ и др.
(Прочитај повеќе за народната и песната на Блаже Конески – Болен Дојчин.)
Стерна
(„Марко Крале“)