Дел од тиражот на водичот за пацинети од покојната Софија Огненова го дониравме во „Нефроплус“

Дел од тиражот на водичот за пацинети од покојната Софија Огненова го дониравме во „Нефроплус“

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 02 Dec 2022

2 декември, 2022 г. 

Неодамна семејството Групчеви од Охрид  ни  донираше нам книги,  а ние деновиве ги дониравме на  ПЗУ „Нефроплус“ од  Кавадарци – Подружница Охрид.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ секојдневно настојува книгата да го најде вистинскиот пат до читателот. Така и се случи. Водичот за пациенти „Дијализа еден нула за мене“ од покојната Софија Огненова од Охрид, базиран и напишан најмногу врз нејзините  сопствените искуства, заврши во рацете на оние на кои им е најпотребен.

Покојната Софија  над четири децении се бореше со болест на бубрезите и тоа како што знаеше да каже самата тоа  не ѝ претставуваше  хендикеп. Добила бубрежна инсуфиенција  уште во 1980 година а  само на 22 години започнала со редовна дијализа. „Никогаш не се предавам“ тоа беше мотото на Софија која и додека беше жива Водичот го делеше на луѓето со слична судбина.

По нејзината смрт семејството Групчеви по  желба на Софија реши речиси целиот тираж да ни го подари нам во Библиотеката а ние еве деновиве првите 50 примероци ги дониравме во „Нефроплус“ – Охрид.

Претставници на Библиотеката предводени од директорот Милчо Јованоски книгите му ги предадоа на доктор Александар Андоноски со чија помош и пресретливост се случи целата соработка која обострано се надеваме дека ќе продолжи.

-Центарот Нефроплус е опремен со нови апарати  Cordiax 5008 S на производителот  Fresenius Medical Care кои што претставуваат последна генерација на најсовремена и најефикасна технологија во бубрежната хронична терапија со можност за HD High Flux HD i HDF, ова значи дека апаратот го штити срцето и целиот васкуларен систем, ни рекоа таму а ние бевме сведоци на беспрекорната хигиена и грижа кон сите пациенти.

НУ Библиотека