Нашата Библиотека прогласена за Библиотека на годината

Нашата Библиотека прогласена за Библиотека на годината

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 01 Dec 2022

1 декември, 2022 г. 

Библиотекарското здружение на Македонија  ја прогласи НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  за „Библиотека на годината“.

Во образложението на Комисијата се вели: – По внимателно разгледување на приложените  документи за избор на признанието „Библиотека на годината за 2022 година”, Комисијата во состав: Јана Михајловска-Иванов, Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Андријана Апостоловска, Елена Станкоска и Ѓултен Ајрули ја донесоа следнава Одлука: Во категоријата основни училишта признанието го добива  Основното  училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје и библиотекарката Славица Тодорова; од категоријата средни училишта признанието го добива Средното училиште „Јосип Броз Тито“ – Битола и библиотекарот Драган Ристевски и во категоријата Национални установи признанието го добива НУБ „Григор Прличев“ – Охрид, директорот Милчо Јованоски. Признанието ќе се додели на 7 декември во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје во 14.00 часот, соопштија од БЗМ.

Ние сме тим – а тимот секогаш победува!

НУ Библиотека