Ученици од училиштето „Јахја Кемал“ на средба со „Раскажувачката“ кај нас

Ученици од училиштето „Јахја Кемал“ на средба со „Раскажувачката“ кај нас

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 18 Nov 2022

18 ноември, 2022 г. 

Вчера во рамките на своите програмски активности во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше делгација од Основното и средно училиште „Јахја Кемал“  предводена од заменик директорката Севил Салко придружена од психологот Александра Ническа.

Учениците од второ одделение од македонски наставен јазик со одделенскиот наставник Ана Џајкоска  се дружеа со писателката Марина Димовска која овој пат беше во улога на раскажувачка.

Таа пред пет години на You tube  ја покрена платформата Раскажувачка која од ден во ден има се’ поголем број следбеници.

Димовска на децата им ги раскажа приказните „Јованче и Марика“ од браќата Грим и „Дедо секогаш е во право“од Ханс Кристијан Андерсен.

Потоа учениците кај нас во Библиотеката инспирирани од приказните цртаа и боеа. На тој начин креативен начин го покажаа наученото.

Библиотеката во знак на сеќавање на посетата  на сите им подари по една сликовница од серијалот со Мила од Марика Тапанџиева.

Повеќе фотки на нашата фејсбук страница. 

А слушнете како раскажува нашата раскажувачка и други приказни за деца

 

 

НУ Библиотека