
Нова книга во наше издание: „Охридско Езеро бисер небесен
16 ноември, 2022 г.
Излезе од печат 116тата книгата ОХРИДСКО ЕЗЕРО БИСЕР НЕБЕСЕН од
Европскиот Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ напишана на 224 страници, со современ
дизајн, колор, со 394 фотографии, во издание на Националната установа Библиотека
„Григор Прличев“ – Охрид.
Во неа се опишани 32 места од каде е фотографирано езерото.
Целата обиколка на езерото заедно и со територијата во Албанија е во растојание од 101,6
км со автомобил.
Изнесени се преубави погледи на Охридското Езеро со објаснување на местата од
каде е фотографирано, по редослед, од градот Охрид, кон Пештани и Трпејца на врвот на планината
Галичица, па кон Св. Наум, во Албанија Тушемиште, Поградец, Мемелиште, Удениште,
Пискупат, Лин, Калишта, Радожда, Струга и повторно во Охрид со залезот на сонцето.
НУ Библиотека