
НУ Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово во посета на нашата Библиотека
Posted by Milco Jovanoski in Актуелно
06
Nov
2022
5 ноември, 2022 г.
Вчера во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид беа нашите драги колешки и колеги од НУ Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово.
Дружбата со кафе, сок и неизоставно охридски ѓеврек беше најрационално искористена за споделување искуства од секојдневното библиотекарско работење и предизвиците во оваа област.
Гостите од Тетово ја разгледаа нашата библиотека и беа воодушевени од постигнатото и посебно од нашата работа како отворена библиотека за читателите.
Бевме едногласно – соработката ќе ја продлабочиме со заеднички проекти во интерес на читателите, но и на нашето работење.
На довидување си ветивме дека во скоро време ќе им ја возвратиме посетата.
Повеќе фотографии на нашиот фејсбук профил
НУ Библиотека