Во потрага по нови форми за популаризација на читањето

Во потрага по нови форми за популаризација на читањето

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 16 Oct 2022

17 октомври, 2022 г. 

Во петокот  во нашата НУ Библиотека гостуваше нашата колешка Драгана Типсаревиќ од библиотека „Стефан Првовенчани“ од Краљево Р. Србија. 

Типсаревиќ е библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотека „Стефан Првовенчани“од Краљево, Р. Србија.

Таа пред нашите библиотекари и библиотекари од образовните институции во Охрид  зборуваше за најновите изданија и преводи од библиотечната дејност преведени на српски јазик.

Преку нејзина презентација  видовме и многу нови спроведени активности во библиотеката во  Краљево за популаризација на читањето.

Дел од нив се реализирани и кај нас а дел наскоро ќе почнеме да ги реализираме.

Претходно воведничар во настанот беше колешката Јелена Петровска , советник – библиотекар од НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола.

НУ Библиотека