
Промоција на прирачникот “Социо-емоционален развој на деца“ од Верица П. Гичева
13 октомври, 2022 г.
Утре, петок со почеток во 12.00 часот во Националата установа Библиотека “Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на Прирачникот “Социо-емоционален развој на деца“ од авторката Верица Пандиловска – Гичева.
Публикацијата е наменета за воспитувачи, родители и деца до 7 години од предучилишна возраст како и за деца кои се со лесна ментана попреченост на возраст до 11 години.
За публикацијата ќе говори авторот, Верица П. Гичева претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Гостин – говорник ќе биде проф. д-р Зенделабедин Шехи.
Посебна покана упатуваме до сите воспитувачи, раководители, директори, учители, логопеди, дефектолози, педагози и родители за кои оваа тема е предизвик и интересна.
Книгата ‘Социо-емоционален развој за деца“ ќе биде достапна и за продажба и тоа по промотивна цена од 500 денари.
Модератор на настанот ќе биде директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски, долгогодишен соработник на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, лектор на здружението и воедно на публикацијата.
НУ Библиотека